„Познато е кој ја создал денешна Македонија и кои се нејзините родители: нејзините татковци се тито-комунисти, а нејзината мајка е федеративна Југославија“, изјавил вчера публицистот и политички аналитичар Ким Мехмети во гостување на ТВ24, пренесува БГНЕС.



„Познато е и кој и ја напишал историјата за да го дистанцира македонскиот народ што е можно повеќе од бугарскиот и истовремено да ги направи ‘браќа’ со српскиот. Многу добро е познато и кој го „кодифицираше“ македонскиот јазик за да го „исчисти“ од неговата блискост со бугарскиот јазик, за да може да се „збратими“ со српскиот јазик: тоа се Белград и комисиите на (Милован) Ѓилас, еден од најблиските соработници на југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито по 1945 година“ изјавил Мехмети.

Можеби не е толку важно дали Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за ослободување на Македонија, или Македонец кој се „маскирал“ во Бугарин, вели Мехмети.

Нема сомнеж дека ние на Балканот, во оваа испреплетена историја и дебели историски книги, имаме огромни заеднички споменици на хероите во изгубените битки, како и на политичарите кои нè штитат од минатото, но само за да не сфатиме дека ни ја одземаат сегашноста и ја трошат нашата иднина “.

Мехмети уште рече дека македонската политичка елита конечно мора да се ослободи од српската политичка меморија, според која сите соседи се непријатели на македонскиот народ, освен Белград.