Паневропско движење: Борисов со ветото дефокусира од антивладините протести

Паневропско движење смета дека бугарското вето кон Македонија е обид за дефокусирање на бугарската јавност од другите жешки теми во Софија каде власта на Борисов се соочува со сериозно граѓанско незадоволство.



“Фактот дека Бугарија го блокира пристапувањето во ЕУ на Македонија заради името на национален јазик – кога конечно е решен деценискиот спор за името со Грција – не е ништо друго освен потег на одвлекување на вниманието од страна на корумпираната власт во Софија која се соочува со тешки протести”, пишува во својата објава Паневропското движење кое се залага за побрза интеграција на сите земји од Западниот Балкан во ЕУ.

Поврзана вест

Шокантно признание на Заев https://www.expres.mk/borisov-pregovaral-so-cipras-kako-za-svoja-zemja-makedonija-video/