Ексминистер за финансии негира дека ја советува власта

Поранешниот министер за финансии во Владата на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Миновски за порталот Фактор изјавил дека не е дел од Иницијативата „За татковината со љубов“ на вицепремиерот Фатмир Битиќи.



На прашање зошто присуствувал на првиот состанок тој вели дека не може да коментирам ништо друго освен дека не е дел од тој проект.

Иницијативата „За татковината со љубов“ е идеја на Битиќи кој вчера во емисијата Топ тема вчера Битиќи индиректно порача дека во неа се ангажирани Миновски и уште еден заменик премиер на Груевски Владо Пешевски.
Тој директно не ги именува но на конкретното прашање одговори дека секој што ја сака татковината е дел од тимот.

„Можам да кажам дека и тие двајца си ја сакаат татковината“, рече Битиќи, со што на некаков начин ја потврди информацијата, заклучува фактор.мк .