Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека лично бугарскиот премиер Бојко Борисов му рекол дека Зоран Заев, уште кога бил градоначалник на Струмица, му ветил дека ќе ги исполни сите бугарски барања само за да стане премиер.



„Ме прашавте за Борисов, мене лично ми има кажано дека ова што денеска го бараат е ветено од Зоран Заев. Не сум присуствувал на тој муабет, не можам да ја потврдам веродостојноста на таа информација, се оградувам, но лично јас сум го слушнал од него. Кога овој бил опозиционер и кога бил градоначалник бил кај него и ова го ветил, само да дојде да биде премиер“, рече Мицкоски во во емисијата „Студио 10” на ТВ 24, пренесе Плусинфо.