Тужба за утврдување дискриминација во учебникот „Основи на персонологија 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, што се користи во наставната програма на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поднесе невладината Коалиција „Маргини“ заедно со Мрежата за заштита од дискриминација.



„Обвинување на жените за зголемениот број разводи, осуда на прекинувањето на бременост и квалификување на истополовите партнерства како забеганост, се само дел од вознемирувачка содржина што бараме да биде отстранета и заменета со научно заснована содржина, што е во чекор со современата научна мисла. Институциите имаат обврска да обезбедат образование насочено кон целосен развој на личноста и кон зајакнување и почитување на човековите слободи и права поради што мора да биде ослободено од сите форми на дискриминација“, се вели во соопштението.Макфакс

На Фејбук се споделуваат делови од учебникот: