Нашата Влада немаше стратегија, само голема желба да се почнат преговори, без анализа на состојбите во ЕУ и во соседните земји, вели во интервју за ТВ24 Марија Ристеска основач на Центарот за истражување и креирање политики (ЦПРМ).
Професорката и д-р по политички науки од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје која магистрирала европска јавна администрација и јавни политики од Католичкиот Универзитет во Лувен смета дека причините за Бугарското вето се подлабоки и дека тргнуваат од одлуките на власта од пред 3 и пол години.
“Во ЕУ, имаме процес на дезинтеграција, над 60% од граѓаните на богатите земји на ЕУ се проtив проширување, нивните елити нема да одат спротивно на волјата на нивните граѓани.
Македонската дипломатија западна во својата замка дека проблемот со името е единствениот проблем”, смета Ристеска која владината трговија со она што не смее да се тргува е преседан кој го очекуваше Бугарија со години и Преспанскиот договор тоа го овозможи.
“Договорот за добрососедствo е механизам на надворешната политика на Бугарија за остварување на таа цел. Она што го бара Бугарија е она што Владата покажа дека може да направи, и направи во однос на договорот со Преспа: да се откаже од јазикот (како што се откажа од македонскиот јазик кој го зборуваат македонците кои живеат во Грција), да се откаже од историјата до 41 (како што се откажа од историјата која се случувала на територија на Грција), и да се откажеме од придавката македонски (народ, јазик, црква), а да користиме граѓани на Северна Македонија, јазик, институции и слично”, смета Рисетска според која оваа позиција е иста со позицијата на Грција во последните 30 години.
Затоа според неа” Преспа е преседан и корен на проблемот со Бугарија, нешто што не смеевме да си го дозволиме и за кое гласно говоревме и предупредивме 200те интелектуалци”.
Според Ристеска проширувањето не е на високата агенда на ЕУ, и европеизацијата не може да се очекува да дојде од надвор, од ЕУ, мора да се свртиме кон внатре и да почнеме реформи.
“Нам ни треба чисто досие, работа со нашиот најголем партнер САД, унапредување на односите со Комисијата на основа на реформи, и институционална соработка со Франција и Германија; како и да почекаме нов геополитички контекст зашто моменталниов не е поволен за нас”, смета професорката и истражувач Ристеска во интервјуто за 24 анализа.
Видео






