На денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, наброи што направи , според него, старо-новата влада:



„СДСМ ветија живот, можеле подобро, можеле повеќе, а за 100 дена добивме: Вето на патот кон ЕУ, загубена интеграција. Трговија со идентитет – загубено достоинство. 1.400 загубени животи за само сто дена. Поскапа струја. Загубени заштеди – пропадната банка. Втор ТАТ, овој пат тежок 200 милиони евра. Економија во рецесија. Ова не се работи кои се случија за 10 години, туку загуби за 100 дена Влада на Заев – рече Мицкоски.