Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук вели дека од политичката блокада од страна на Софија на Македонија нема да има победници туку обратно.
„ЕУ ќе изгуби затоа што ќе биде поткопан нејзиниот кредибилитет, ќе се покаже како неспособна за решавање на големи геополитички прашања и да биде глобален играч.
Ќе изгубат Република с. Македонија и Албанија затоа што вложија големи напори на патот кон членствово ЕУ.
На крај, но не и најмалку важно, ќе изгубат и нивните соседи, бидејќи процесот на интеграција бара градење на добрососедски односи, кои се поврзани со расчистување на историските спорови, истакна Ќучук.
Тој смета дека бугарската позиција кон Скопје е неразбирлива за другите земји од ЕУ, а Владата во Софија не направила ништо да ја образложи и објасни“.
Ќучук е еден од 20-те европарламентарци кои потпишаа декларацијата со која бараат од Советот на ЕУ да се доблокира евроинтеграцијата на Македонија и на Албанија.





