Првпат по 1969 година недоделена наградата „Климент Охридски“!

Во сенка на бугарското вето за почеток на преговори на Македонија со Европската унија помина преседанот со недоделувањето на највисоката државна награда „Климент Охридски“ – првпат по нејзиното воведување во 1969 година!



Признанието за остварувања во областа на културата, уметноста, воспитанието, образованието, здравството и спортот ја доживеа судбината на наградите „11 октомври“, „23 октомври“ и „Гоце Делчев“, кои исто така останаа без лауреати годинава.

Наградата што го носи името на македонскиот револуционер, пак, не се доделува веќе трета година!