Додека Македонија се занимава со ветото од Бугарија за почеток на преговори со Европската унија до крајот на годинава, министерот за надворешни работи Бујар Османи најде време да упати порака за – изборите во Венецуела?!
„Целосна поддршка за позициите на Европската унија и на САД за изборите во Венецуела. На земјата итно ѝ треба политичко решение за да се стави крај на моментниот ќорсокак и да се овозможи испорака на итно потребната хуманитарна помош за нејзиниот народ“, порача шефот на македонската дипломатија.





