Професорката по уставно право Тања Каракамишева го искритикува претседателот Стево Пендаровски за одбиената понуда за зачленување на Македонија во Европската економска зона (ЕЕЗ).
Кој ти даде мандат и надлежност @SPendarovski во наше име да одбиваш членство во ЕЕЗ? Во чие име одби и дали го праша Собранието кое е единствен надлежен орган по Устав да носи такви одлуки или ги праша ли граѓаните на референдум? Каква е оваа политичка дрскост и авторитарност?
— Тања Каракамишева Tanja Karakamisheva (@TKarakamisheva) December 8, 2020