Утрово, под силно обезбедување, два полициски камиони го напуштија селото Арачиново по полициската акција која почна синоќа, а од министерството соопштија дека е запленета поголема количина марихуана.
Привдени се 2 лица а се трага и по други лица, за кои се смета дека биле дел од криминалната група која украде 2 тони марихуана од склад во село Јосифово, јави Телма.
На социјалните мрежи се споделува видео од камионите во кои утрово наводно била изнесена запленетата марихуана.





