„Дали Пендаровски прави разлика помеѓу Европска економска заедница која формално е пресликана во Европската Унија и за која вчера говореше и од друга страна Европска економска зона чиишто темели се во 1992 година за која денес пишува статус?



Очигледно дека не!

Да потсетам Стевo Пендаровски е Претседател на државата. Проблем е кога носителите на највисоките функции немаат најосновни познавања на терминологијата во меѓународните односи, а претендираат да ја водат Македонија напред во меѓународната сфера“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претходно денеска од Кабинетот на претседателот на државата соопштија дека во октомври 2019 „бил постигнат апсолутен консензус и од страна на сите лидери, вклучително и од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше поддржан ставот дека на Република Северна Македонија ѝ е потребно членство во Европската унија, а не учество во алтернативни облици на соработка со ЕУ, затоа што на земјата покрај економска интеграција ѝ е потребна и политичка интеграција и усвојување на демократските стандарди и  вредности– владеење на правото, независно судство и медиуми, човекови слободи и права“.

Мицкоски во објавата на Фејсбук се согласува дека нема алтернатива членството во ЕУ, но дека „Пендаровски треба да ја искористи секоја прилика да обезбеди членство во меѓународни организации кои ќе значат нови стандарди“.