Вицепремиерот задолжен за европски прашања денеска порача дека е битно пристапниот процес во ЕУ да се европеизира, а не да се балканизира.
„Имаме механизам за историските прашања да се решаваат од историчарите и битно е пристапниот процес да европеизира, а не да балканизира“, изјави вицепремиерот Никола Димитров во врска со бугарското вето со кое се блокира Македонија на парот кон ЕУ.
„Мислам дека треба да ја избегнеме замката да паднеме во очај или да влеземе во некакво ново чекање. За да не стане ова и наш пораз мора да го искористиме ова време да си работиме. Има многу добра волја токму заради драстичноста на случајот во многу земји членки“, изјави Димитров по полагањето цвеќе на споменикотпред Св. Климент Охридски.
Тој најави дека ќе се продолжи со разговари со соседна Бугарија и, како што рече, ќе продолжиме да ги убедуваме дека не може правото на самоопределување да биде пречка за европски интеграции или за добрососедство.
„Ако веќе не може да почне пристапниот процес формален, којшто е обременет иако не би требало да биде со билатерални прашања, со вета, да си ја европеизираме земјата со поддршка на земјите членки коишто гледаат дека апсолутно заслужуваме“, истакна меѓу другото, вицепремиерот за европски прашања.





