Маргарет Кинан, која ќе наполни 91 година следната недела, стана првата личност која доби анти-ковид вакциина во рамките на програмата за масовна вакцинација што од денеска се спроведува низ Велика Британија.
Кинан, рече дека тоа е „најдобриот подарок за роденден“.
Инјекцијата и беше дадена утрово во 06:31 по локално време и тоа е првата од 800 000 дози на вакцината Фајзер/Биотех што ќе се дава во следните недели.
До крајот на месецот се очекуваат уште четири милиони,а првенство при вакцинирање ќе имаат лицата над 80-годишна возраст и дел од здравствениотперсонал.
Програмата има за цел да ги заштити најранливите и да го врати животот во нормала, јави Би-би-си. .





