Денес се празнува Св. Климент Охридски – Чудотворец

Денес Македонската православна црква го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј.



Првиот македонски архиепископ Свети Климент Охридски бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо особено нивното распространување помеѓу христијаните Словени.

 Тој бил основач на Основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3.500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и на јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Дваесетина години во Велика Моравија им помагале на солунските браќа во остварувањето на Моравската мисија. Кога кон крајот на 867 или почетокот на 868 година светите браќа Кирил и Методиј биле повикани во Рим со нив бил и Свети Климент. Тогаш бил ракоположен во духовно звање. По смртта на Кирил, во Рим, свети Климент заедно со свети Методиј се вратил во Моравија и му останал верен во одбраната на словенскиот јазик во црковната богослужба.

Денеска именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина…