Бајден одбра Афроамериканец за шеф на Пентагон

Џо Бајден ќе го номинира пензионираниот армиски генерал Лојд Остин за министер за одбрана.



Доколку биде потврдено од Сенатот, Остин би бил првиот Афроамериканец на чело на Пентагон.

Евентуалната номинација на Остин за Асошиејтед Прес била потврдена од четири лица кои билре запознаени со изборот но под услов на анонимност, бидејќи изборот не е официјално објавен.

Со кариера на воен офицер, 67-годишниот Остин најверојатно ќе се соочи со противење во Конгресот и во Министерството за одбрана кои инсистираат на јасна граница меѓу цивилното и военото раководство на Пентагон.