„Некои од нас во регионот, можам да зборувам само за с.Македонија, добивме понуда од многу високи функционери да станеме членка на Европската економска заедница.



Јас веднаш ја одбив оваа понуда затоа што овој тип размислување е катастрофален на долг рок“, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски на конференцијата „Пријателите на Европа“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тој ова го обелодени додека одговараше на прашања поврзани за тоа дали постои „план Б“ доколку Македонија остане блокирана на патот до членство во ЕУ, како што е случај сега со Бугарија.

Претседателот на државата предупреди дека сите алтернативи, регионални или строго економски се опасни за земјите од регионот бидејќи тие немаат долга демократска традиција и многу лесно може повторно да станат плен за автократски режими.

„Економската интеграција не е доволна ако не следува политичка интеграција, клучно е да одат тие паралелно, она што недостига во Брисел е практична заложба на ангажиран пристап со што ќе се докаже дека западниот Балкан е голем стратешки и геополитички приоритет“, изјавил Пендаровски.