Гир: Не е прашање дали ќе почнат преговорите, туку кога

Перспективата на евроинтеграцискиот процес не е доведен во прашање и не е прашање дали ќе се почнат преговорите туку кога вели смбасадорот на Европската унија во нашата земја Дејвид Гир.



„Додека траат дискусиите многу е добро да се продолжи со две важни прашања кои што веќе беа кажани од страна на еврокомесарот да се продолжи со напредокот на патот на реформите кои што се потребни за реформите кои што се потребни за Европската унија, исто така да се продолжи со дијалогот со Република Бугарија кој што е дел од заложбите во рамките на Договорот за добрососедство со Република Бугарија, меѓутоа исто така тој е дел и од Договорот за стабилизација и асоцијација и на самиот процес на пристапување.“, вели Гир.