Тутунарите не го даваат тутунот

Tутунари од Штипско денес го донесоа тутунот пред откупниот пункт во Карбиници, но не го предадоа.



И тие се приклучија на протестот на нивните колеги од Прилепско и Радовишко. Бараат повисока откупна цена за трета и четврта класа и намалување на разликата на цената помеѓу различните класи тутун.

Тутунарите не се согласуваат дека годинашнава реколта е со понизок квалитет Се заканија дека ако не им се излезе во пресрет на нивните барања, тогаш сите тутунари од државата ќе се соберат на протести пред Владата.