Околу 12.800 луѓе беа евакуирани денеска во Франкфурт, каде беше деактивирана и отстранета британска бомба од Втората светска војна, тешка околу 500 килограми.



И 75 години по Втората светска војна релативно чести се откритијата на неексплодирани бомби во Германија.

Последната најголема бомба од тој период е пронајдена во септември 2017 година во Франкфурт. Тоа беше британска бомба тешка 1,4 тони. Во тоа време беа евакуирани 65.000 жители.