Бугарскиот историчар Стефан Дечев се надева дека Бугарија  во последен момент ќе даде зелено светло за старт на преговори на Македонија, затоа што сите пробл еми кои ги има меѓу Софија и Скопје, може да бидат решени за време на преговорите, во следните 5 до 10 години. 



Во интервју за ТВ24, Дечев кој е еден од тимот бугарски интелектуалци кои вчера испратија писмо до Борисов и Захариева, за старт на преговори на Македонија со ЕУ овој декември вели дека   Бугарија мора да ја прифати реалноста дека на запад има македонска нација, македонски јазик и луѓе кои имаат македонски идентитет.

Според Дечев, главниот проблем меѓу Софија и Скопје е тоа што бугарската страна мисли дека е сто проценти во право, додека македонската страна замижува пред историските факти. На бугарските колеги од Комисијата им порачува да бидат пофлексибилни, а на македонските да ги почитуваат фактите.