На прашање дали бугарските условувања, меѓу нив и она да не се користи придавката македонски, нема да го продлабочат јазот меѓу Македонија и Бугарија, лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека очекува Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми.



„Ова се сензитивни прашања и што подолго ние доцниме толку повеќе емоции се влеваат во прашањето“ – вели Ахмети во интервјуто за Канал 5.

Не само еднаш сме изјавиле дека ги подржуваме нашите сограѓани Македонци во овој значаен процес и сметам дека и бугарската страна ќе има предвид дека во овие значајни процеси, затоа што Бугарија навистина има инвестирано целиот регион да биде интегриран во ЕУ и веруваме дека Бугарија ќе најде сила за да ги надмине овие емотивни ситуации.

Затоа што ако на Балканот се внесеме во историјата, ќе треба навистина да изградиме нов Балкан. Затоа од голем интерес е ние да не го изгубиме чекорот од зачленување во Европската унија, затоа што унијата е механизмот кој што ќе ги доближи заедниците и државите“, вели Ахмети.