Советници на Заев го израмнија својот шеф со великанот Конески

Двајца советници на премиерот Заев за односи со јавност и евроинтеграции се шегуваат на сметка на опозицијата затоа што на своите протести користеле мисли на Блаже Конески.



Советниците Марјан Забрченец и Леон Бакрачевски на денот кога нивниот шеф призна дека со Софија се преговара “Македонски историја” да се претвори во “Историја на РС Македонија” го споредуваат Заев со великанот Блаже Конески кој го кодифицирал јазикот што сега премиерот преговара да го измени контра правилата на великанот на македонската лингвистика.

“Мицкоски и екипата почнале да го цитираат Конески.
Леон Бакрачевски: Дај им уште 10 години и Заев ќе го цитираат”, пишува Забрчанец очигледно несвесен за тоа што го пишува и за моментот во кој се користи Конески како споредба со Заев.