Бугарскиот премиер Бојко Борисов ѝ објаснил на Русија дека не се подготвува напад и дека земјата не поседува такво оружје, пренесуваат бугарски медиуми.
Единственото нешто што Бугарија го прави, различно од досегашните години, е да ги модернизира своите аеродроми, нешто што го прават сите земји, рече премиерот Бојко Борисов, побивајќи ги лажните обвинувања дека Бугарија има оружје за да се подготви за напад на земјите околу Црното Море.
„Тоа, дека имаме нуклеарно оружје е глупост“, коментирал Борисов.
НАТО претходно ја обвини Русија за акумулирање сили и трупи во Црното Море и Крим, според генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
НАТО ги третира Русија и Кина за главна закана во наредните 10 години.





