Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното фијаско на средбата на Мешовитата комисија за историјата, вели дека од изјавите на бугарскиот тим може да се загатне дека македонскиот идентитет сепак бил „на маса“ и дека за него се преговара.
„Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот „македонски“ којшто го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно нѐ убедува дека не преговара за идентитетот и историјата.
Бугарската страна кажува дека за придавката „македонски“ се разговара на повисоко ниво, што во превод би значело дека Заев тргува, “ напиша Христијан Мицкоски на Фејсбук.







