Во текст посветен на Стабилноста на ИВЗ и на муслиманите во земјата која зависи од враќањето на Уставоста на Институцијата членови на Советот за Заштита на Уставноста на ИВЗ во РМ, најавуваат дека допрва следуваат тензии во заедницата која се соочува со непочитување на својот устав.
Реакцијата во која се гледа дека во настаните во ИВЗ се вмешани ДУИ и СДСМ ја објавуваме интегрално:
По низата состаноци со значајни фактори на нашата земја кои можат да придонесат или да влијаат на неизбежното враќање на уставноста на ИВЗ, Советот за Заштита на Уставноста на ИВЗ, одржа многу конструктивна работна средба со Х. Африм еф. Тахири, лидер на Муслиманското Движење за Реформа во ИВЗ, еден од авторите на Уставот на ИВЗ.
Несомнено, СЗУ (Советот за Заштита на Уставноста) и во оваа прилика побара да се откријат и идентификуваат сите уставни повреди и да се понудат конкретни предлози за тоа како да се излезе од оваа криза, од овие непристојни антиисламски скандали, и да се врати кон уставноста со враќање на интегритетот на Единствената исламска верска институција во земјата: Исламска Верска Заедница во РСМ.
Х. Африм еф. Тахири ја истакна идејата дека нема надминување на ситуацијата без враќање на првичните чекори што беа преземени со прекршување на Уставот и другите нормативни акти на ИВЗ. Ефенди Тахири почетокот на скандалите го гледа од моментот на разрешувањето на поранешниот Реисул Улема, Х. Сулејман еф. Реџепи, односно, во целата постапка за разрешување, во начинот на разрешување и во самиот чин на ова разрешување, што беше извршено благодарение на сценариото и полициската поддршка на владејачките партии, фалсификувајќи го целиот процес, без страв од можните законски последици! Конечно, како што подвлекува Тахири, оваа констатација го направи непобитен факт и ја објави и самиот лидер на ДУИ, Али Ахмети.
“Сосема е неморално структурите кои до вчера го галеа грбот на Сулејман Реџепи, кои беа во состојба да убијат и да бидат убиени за Сулејман Реџепи, кои беа во состојба да ја изопачат својата личност аплаудирајќи му и гордејќи се со нивниот Реис, кого, неколку дена пред неговото разрешување, го именуваа со најсилни епитети кои се посветуваат на една неповторлива национална и религиозна личност, за да веднаш потоа да го прогласат за лош и опасен човек и да го разрешат според член 58 од Уставот на ИВЗ! Кој го констатираше тоа?“, прашува Х. Африм еф. Тахири.
Со интервенција на фактори надвор од ИВЗ, е прекршена Преамбулата на Уставот на ИВЗ, како и член 1 во кој се вели дека ИВЗ мора да биде автономна и независна во организирањето на верскиот живот.
Тахири подвлекува дека постапката за разрешување се заснова на неуставни акти затоа што: „според Уставот, кој има право да свика состанок на Ријасет? Кој има право да раководи со состаноците на Ријасетот? Дали е формирана дисциплинска комисија, кое беше мислењето на Обвинителот на ИВЗ за грешките на Реисот? За нив ниту се зборувало ниту се расправало претходно во органите на ИВЗ. (Види: член 8, член 37 став 3 и 23 и член 44 став 5)
Според член 35 од Уставот на ИВЗ: „… Ријасетот на Исламската верска заедница го сочинуваат Реисот ул Улема, Генералниот секретар на ИВЗ, муфтиите, директорите и деканите на образовните институции на ИВЗ, претседателите на здруженијата на ИВЗ и двајца членови одредени од Реис ул Улема со искуство во организиација на верскиот живот во редовите на ИВЗ”. На состанокот на Ријасетот со право на глас може да учествуваат само оние кои се опфатени во овој член, но, не и други. Треба да се напомене дека во овој конкретен случај, кога е отсутен Реисул Улема, по автоматизам не можат да бидат дел од состанокот ниту Генералниот Секретар кого Ријасетот го избира по предлог на Реисул Улема (член 37 став 3), ниту двајцата членови одредени од Реисул Улема. Додека, пак, во актот на разрешување, зад заговорникот Шаќир Фетаи беа поредени и лица кои никогаш не биле членови на Ријасетот, имаше лица без право на глас, ниту за избор ниту за разрешување. Покрај тоа, имаше и лица кои на кој било начин не можат да се третираат како членови на Ријасетот, туку едноставно, како шверцувани „тела“, како на пример: „Претставникот“ на Скопското Муфтивство кој на чело на Муфтиството дојде спротивно на член 30 од Уставот и како таков е оспорен, потоа Претседателот на Собранието на ИВЗ, како и претседателите на здруженијата надвор од мандатите предвидени во статутите на здруженијата! Потоа, неуставен беше и протоколот и односот на „Ријасетот“ кон оставката на поранешниот Реисул Улема! Членот 64 од Уставот вели: „Секој функционер на ИВЗ има право да даде оставка, за која одлучува Ријасетот на ИВЗ“, за жал, Ријасетот не излезе со некоја одлука, нагласува Х. Африм еф. Тахири. Ефенди Тахири целата оваа игра ја смета како флагрантно исмевање со Институцијата: Исламска Верска Заедница! И, ова исмевање, според ефенди Тахири, може да го прават продадени и неморални луѓе, како и неуки луѓе кои немаат никаква врска со тоа и кои не го познаваат Уставот на ИВЗ, без разлика дали се од внатре или, пак, и од структурите надвор од ИВЗ! “„Инаку“, прашува Африм еф. Тахири, „како е можно да ја направат фаталната грешка „назначувајќи го“ за вршител на должноста претседател на ИВЗ, Шаќир Фетаи, Гостиварски Муфтија? Уставот на ИВЗ за функцијата претседател го признава само зборот „избор“. За други позиции ги признава и зборовите „именување“ и „вработување“, додека зборот „одредување“ го признава само во ексклузивното право на Реисул Улема (член 35) каде се зборува за неговото право да одреди двајца членови на Ријасетот со искуство во организирање на верскиот живот во редовите на ИВЗ! Во една вонредна ситуација, во војна, во длабоки општествени кризи, кога дури и илегални групи можат да назначат свој водач, но, во нормални услови, во услови кога активноста на Институцијата може да се потпре на својот Устав, да се одреди вршител на должност, ова е всушност класичен пуч! Покрај тоа, нека ни кажат тие од новиот „Ријасет“, нека ни каже овој таканаречен оспорен и фалсификуван „реис“, во кој член од Уставот, во кој тој „се колне“, може да го најде зборот „вршител на должност„?“, ја покренува интелектуалната загриженост Х. Африм Тахири.
Поранешниот генерален секретар на ИВЗ, Х. Африм еф. Тахири, не верува дека уставните прекршувања биле само последица на незнаење, туку, едноставно, биле само совети нарачани од одредени структури како на власта, така и на „муслиманската партија“ (ДУИ) на власт! Според него, без да биде загарантиран со неповредливост од органите на правдата, без да биде охрабрен од одредени сегменти на моќта, Шаќир Фетаи не би се осмелил да го направи тој гаф кој го враќа соголен кај првиот гаф! Во првиот гаф, разрешувањето го направи со некомепетентни луѓе, додека, пак, во вториот гаф, овие некомпетентни луѓе и без право на глас, тој ги унапредил на своја глава, од позицијата координатор во муфтии на муфтиства, само со една единствена цел, нивниот глас да биде легален во случај тие да гласаат за него при изборот на реис! Ова флагрантно и толку гнасно прекршување не може да се направи без силна поддршка од политиката и партиите на власт кои ја иницираа оваа фатална игра за ИВЗ„, констатира Х. Африм Тахири. “Во оваа прилика, Шаќир Фетаи, охрабрен од партиската политика, ја прекрши целата Регулатива за избор на муфтии. Членот 31 од овој Устав за избор на муфтија ја дефинира оваа постапка: „Муфтиството кандидира можни кандидати потенцијални кандидати за муфтија, Ријасет на ИВЗ го врши именувањето, а Реисул Улема го верифицира именувањето и им издава Мураселе“, вели ефенди Тахири и продолжува: “Уставни прекршувања Шаќир Фетаи изврши и во Гостиварското Муфтиство, кое иако ги исполнува сите услови за да има легитимен и легален муфтија, Шаќир Фетаи ја повторува непростливата грешка назначувајќи и таму „вршител на должноста„ Гостиварски Муфтија”! Членот 30 вели: „… Во муфтиствата каде нема кадар според предвидените услови, се именува координатор“. Ова е достоен срам само за оние кои планираат да го деградираат и целосно да го уништат ИВЗ како исклучително значајна Институција за муслиманите во земјата“, вели ефенди Тахири.
Што се однесува до постапката за организирање и одржување избори, Х. Африм еф. Тахири вели дека, формално, иако сè изгледа добро, во смисла на Уставот е извршен страшен масакр. „Реисот, кој ќе положи заклетва врз Уставот на ИВЗ, прави незамисливи прекршувања за еден здрав разум. Затоа, денес од целиот свет, кои не му угодуваат на Шаќир Фетаи, констатираат дека тој е „незаконски, шверцуван и фалсификуван реис“, подвлекува ефенди Тахири.
Според него, во овој случај, во постапката и во чинот на избор, покрај прекршувањето на Преамбулата и членовите 1 и 8, прекршени се и следниве членови: 41, 42 и 49 став 4 од Уставот на ИВЗ. Ефенди Тахири вели дека се озборува дека е изготвен Правилник за избор на Реисул Улема, но не се зборува дали Собранието на ИВЗ имало состанок каде што е донесен некаков си Правилник! Правилниците се нормативни акти кои без гласање на Собранието на ИВЗ не можат да имаат законска сила. Значи, ИВЗ денес е раководен од „Реис“, кој е дојден без Правилник и прошверцуван!
Ако го анализираме избирачкиот список лично составен од Шаќир Фетаи (според директивите што му се дадени), имаме страшна слика на фалсификување! Шаќир Фетаи, спротивно на Уставот, надвор од систематизацијата, создава „сектори“ и именува „директори“ кои ги повикува на гласање, додека, пак, некои директори од други сектори не! Според Уставот на ИВЗ, многу јасно е дефинирано кој има право да биде член на Ријасетот. На денот на фалсификуваните избори од Шаќир Фетаи, имаме еден многу чуден список за гласање:
-5 „муфтии“ именувани спротивно на Уставот: муфтии на Скопје, Штип, Дебар, Кичево и Битола.
-во тој список неправедно беа вклучени и предложениот член на поранешниот реис – секретарот на ИВЗ, како и двајцата членови одредени од поранешниот реис.
-Претседателите на здруженијата се посебни субјекти, тие имаат свој статут, како и тела што ги избираат нивните раководители. Ел Хилал и Илмије веќе подолго време се раководат без претседателства избрани од нивните собранија, значи тие самите се елиминирани од правото на глас!
-Директорите на сектори или раководителите на агенции и комисии не се членови на Ријасетот. Но, изненадувачки неколку директори на сектори ги имаме на списокот, а некои не! На пример: на списокот на Ријасетот го имаме одговорното лицето – возач на погребалната служба, додека, пак, ги немаме директорите на финансиските управи, на вакафот, итн.
Бидејќи многу зборувавме за членот 35 од Уставот, да заклучиме дека, според него, на списокот може да бидат вклучени само оние кои беа споменати погоре според Уставот на ИВЗ, односно само оние кои се избрани или именувани. Додека, пак, на списокот на Шаќир Фетаи имаме многу луѓе кои се вработени и никако не можат да се сметаат за избрани или именувани од „риасетот“. Значи, според Уставот и Правилникот, првиот човек на Институцијата се избира од избраните или именуваните во согласност со нормативните акти на ИВЗ, а не од возачи.
Според ефенди Тахири, Шаќир Фетаи со овие флагрантни прекршувања на Уставот на ИВЗ што се базира на Возвишениот Куран и Традицијата на Алаховиот посланик а.с., не само што нема право да се самоименува „реис“, туку треба да биде рангиран меѓу оние кои ги прекршуваат исламските принципи. “На чело на ИВЗ во моментов имаме еден привремен партиски избор, кој, без друго, мора да и робува на политиката, на партијата. Доколку ова ропство не го докаже на очекуваните или вонредните политички избори, тогаш, тој ќе биде сменет и фрлен на улица, токму како најголем прекршител на нормативните акти во историјата на оваа единствена исламска верска Институција во земјата.
Х. Африм еф. Тахири предупредува дека, без враќање на работите на шините на Уставноста на ИВЗ, нема да има мир, ќе има бескомпромисна опозициска војна, запознавајќи ги во секој момент целото јавно мислење во земјата, како и меѓународната заедница, „затоа што станува збор за опасност од непредвидливи размери што им се заканува на нашата земја и на општеството газејќи го интегритетот на Исламската Верска Заедница„ – заклучува ефенди Тахири.
Како Совет, како тело на доброволци за Заштита на Уставноста на ИВЗ, информираме дека ќе ги земеме предвид и сугестиите и советите на имамите, кои, како групи, инсистираат да бидат интервјуирани и да го дадат својот придонес во надминувањето на оваа многу чесна ситуација. Ги повикуваме сите личности во нашата земја, теолозите и интелектуалците генерално, да ни се јават, бидејќи, секој нивен придонес во оваа насока ќе се смета за извонреден.
Совет за Заштита на Уставноста на ИВЗ во РМ
Шабан Азири, координатор
Есет Шаќири, заменик координатор
Мирди Брао, заменик координатор






