Калоѓера доби карикатура и порача: Борба до победа, нема отстапување. Македонија вечна!

Поранешниот почесен конзул на Македонија во Хрватска, Горан Калоѓера, доби пригодна карикатура за афирмацијата на Македонија и за својата борба за правата на македонскиот народ.



„Му се заблагодарувам на авторот на сликата. Задоволен сум. Единствено, наместо мечот можеше да биде перо, инаку сето останато е в ред. Мило ми е што некои Македонци ме перцепираат на ваков начин. Борба до победа, господа. Нема отстапувања. Македонија вечна. На авторот уште еднаш големо благодарам!“, напиша хрватскиот македонист на Фејсбук.