Адолф Хитлер избран за пратеник во Намибија

Адолф Хитлер Уунона, 54, од владејачката партија СВАПО, беше избран за советник во областа Омпундја во северна Намибија минатата недела. Тој освои 85 проценти од гласовите.



Новоизбраниот функционер за АФП изјави дека му е непријатно и одби да коментира зоштого носи името на еден од најлошите диктатори во светската историја.

Намобија е поранешна германска колонија. Од 1904 до 1908 година за време на бруталната репресија на германскиот колонизатор, загинаа десетици илјади луѓе во востанието против властите во колонијата официјално наречена Германска Југо-Западна Африка.

На луѓето им биле отсечени изворите со вода, беа изгладнувани во конц- логорите, исцрпени до смрт од физички труд.

Ова злосторство се смета за прв геноцид во 20 век, пишува Дојче веле.

Во 1990 година Намибија се стекна со независност како една од последните африкански држави што го постигна тоа.