Каде се 1 милијарда евра од заемите за кои опозицијата даде согласност (ВИДЕО)

Да не заборавиме дека Гордана Димитриеска-Кочоска (Како заменик технички министер за финансии) потпиша една милијарда евра пари за нови задолжувања кои требаше да се искористат за поддршка и борба со здравствената криза. Вистината е, за жал, дека ни 0,5% од тие пари не завршија во здравството! Каде се?



Ова го прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој алудира дека Заев и СДСМ ги трошат парите од кредити на партиска пропаганда и поткуп на граѓаните.