Македонска Пошта се распаѓа и вработува нови 280 партиски активисти

Два месеци откако премиерот Заев најави дека заради неликвидност ќе ја продава Македонска Пошта а за директор беше поставен функционерот на СДСМ Јани Макрадули, компанијата во државна сопственост вработува 280 луѓе, речиси извесно партиски активисти.



“Стопанството ќе плаќа нови непотребни вработувања

?Заради пречестото добивање на многу датуми одеднаш, кои ЕУ, Брисел, Софија и Париз почнале на Заев да му ги праќаат како препорачани датум-писма, “богатата и незадолжена” Македонска Пошта распиша оглас за вработување на 280 пошторазнесувачи. ??

?Нето плата е 17.656 денари, што значи бруто е 26.000 денари, а за буџетот тоа ќе значат нови 120.000 евра месечни расходи. Трошокот од овие 2️⃣8️⃣0️⃣ вработувања само за следната 2021 година државата ја чини 1.440.000 евра, пари на даночните обврзници.

⛔Во момент кога стопанството е на колена, многу болници се без амбулантни возила, и многу училишта имаат суштинска потреба за реновирање, ваквата одлука на Заев и Макрадули е економски штетна и неодговорна❗”, пишува пратеникот Антонио Милошоски.