„Решавањето, (…) на „проблемите“ по мирен пат ЕУ го прави со устоличување власт на безрбетни измеќари и платеници преку кои ги принудува народите на малите и сиромашни држави да прават работи какви што не сакаат. Еден таков пример беше насилното менување на името на нашата држава спротивно на волјата на народот (неуспешен референдум).



Таквите измеќари, ЕУ ги прогласува за најголеми демократи и ги наградува“ , пишува историчарката Наде Проева во колумна за Нова Македонија

„Така, дента кога Бугарија го стави ветото за преговори со ЕУ, од фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин на безрбетниот премиер му беше врачена награда за човекови права за 2020 г., што министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас му ја честита нарекувајќи го „убеден Европеец и реформатор“.

Од друга страна, истата таа ЕУ на Македонија не ѝ дозволува започнување преговори за членство затоа што не биле направени реформи! Што впрочем е сосема точно. Очигледно тој услов ќе биде исполнет кога измеќарот ќе ја направи најважната реформа – преобликување на македонскиот идентитет.

А, тој јасно и гласно го најави тоа во интервјуто за бугарската БГНЕС, кога ги искажа своите историски сознанија, а потоа ги дообјаснуваше во македонските медиуми“.