Револтот на тутунарите од сите производни региони е голем и се закануваат со протести и блокади на патиштата поради откупните цени на тутунот кои се вижат од 100 до 120 денари за килограм.
Засега само три откупни компании ги отворија своите откупни пунктови а веќе од 15 декември сите имаат обврска да почнат со откуп на тутунот.
Оваа година катастрофално почна, не се сите пунктови отворени, а просечната цена е многу ниска, меѓу 140 и 170 денари, вели заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, одговорајќи на новинарско прашање каква е состојбата со откупот на тутунот.
Според Димковски, за утре е закажана средба на производителите и преработувачите со министерот за земјоделство, а до понеделник, согласно информациите од терен, би требало да отворат сите пунктови за откуп.
Годинава според договорите има 23 милиони килограми тутун кој треба да го преземат десет откупни компании. MKD.Mk






