Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека опозицијата нема да биде сведок во Собранието додека парламентарното мнозинство се обидува да го смени Деловникот за работа на парламентот и да овозможи он лајн седници што е спротивно на уставот.



„Местото на пратениците е во Собранието. Како што можат многу наши чесни сограѓани да работат во индустриски објекти, во канцелариски објекти, на разни места низ државата, ние како пратеници со сите обезбедени протоколи и услови кои што ги има во Собранието. Верувајте ми во ниту еден момент како пратеник не сум се почувствувал во зградата на Собранието дека сум во некој ризик од заболување“, рече Тимчо Муцунски во гостување на ТВ Алфа.

Тој потсети дека во зградата на Собранието се обезбедени сите услови за заштита од КОВИД-19, затоа сите пратеници можат да работат од зградата, наместо онлајн.

„Сите седници на Собранието се снимени, јавноста може да ги следи во секое време, а тоа е значаен елемент за функционална демократија“.