По САД, Македонија ја престигна и Аргентина и се искачи на осмото место во светот по бројот на смртни случаи од Ковид-19 на еден милион жители.
Со вчерашните 29, бројот на мртви од коронавирус во земјава достигна 860 или два повеќе од јужноамериканската држава.
Неприкосновена на врвот од неславната листа и понатаму е Белгија со 1.446, пред Сан Марино со 1.354, Перу со 1.086, а пред Македонија се и Андора со 983, Шпанија со 973, Италија со 944 и Велика Британија со 877.





