Пратеникот Борислав Крмов од Левица поднел амандман на предложените измени на Деловникот за онлајн работа, со кој се бара пратениците кои од дома го следат парламентот – да покажат велигденско јајце.

Партијата Левица која во парламентот е застапена од пратениците Крвом и Димитар Апасиев поднесе 1.400 амандмани со цел да блокираат, според опозицијата, неуставните измени кои се иницираат со цел „тенкото“ парламентарно мнозинство да обезбеди сигурен кворум.





