Полковникот Јордан Костадинов е пензиониран професор на бугарската Воена академија и човек кој што се грижи за обновените бугарските воени гробишта во Македонија.
Тој во интервју за бугарска телевизија раскажува за бугарскиот карактер на Македонија и за наводно уништување на бугарски артефакти од втората светска војна во земјава.
На крајот на емисијата не може да ја скрие својата желба и јавно искажува надеж дека ќе дојде ден кога Бугарите ќе пејат: Од Черно Море до Охрид и од Дунав до Егеј еден народ живее.
Овие национални и територијални претензии не испровоцираа никакви реакции од Македонска страна.
Замислете македонски професор и воено лице да каже дека сонува еден ден Македонците од Пирин и од Вардарска Македонија ќе живеат во една држава.





