Експремиерот на Македонија и официјален преговарач со Бугарија назначен од Владата на Зоран Заев деновиве за бугарската телевизија Европа изјави дека Македонците постојат од 1944 година, а Бугарите дека се постар народ и нација од Македонците. Според него, Македонците и Бугарите говорат ист јазик.



„Според мое мислење, ако се тргне од Договорот со Бугарија, официјално ние прифаќаме дека сме имале заедничка историја. И тоа е непобитен факт, но тврдењето дека ние всушност сме еден народ во две држави во овој момент во Република Македонија ако се тера таа теза ќе направи повеќе штета отколку корист. Јас сум приврзаник на оние кои што не се мнозинството.

Од 1944 до 1991 силната пропаганда која беше на дело ги оддалечи природните сојузници, Македонците и Бугарите. Неспорно е дека имаме заедничка историја, неспорно е дека бугарската нација, бугарскиот народ е создаден пред македонскиот.

Неспорно е дека тоа е официјален став и на Бугарија, дека нема проблем со создавањето на македонската нација од 1944-та година, историчарите да излезат од рамките на она што беше историографија во времето на комунизмот“.