За приватните клиники и нивното вклучување во третманот на пациентите, министерот Венко Филипче вели дека е договорен капацитет од 100 болнички кревети во поранешната општа болница „Мала Богородица“, кој веќе се подготвува.
„Во овој момент не е потребен, но треба да биде на стенд бај. Се завршуваат некои финални работи. Тој ќе биде на располагање на државата и ќе направиме распоред во зависност од притисокот кон сите јавно-здравствени установи“, вели министерот.
За гужвите пред болниците и тријажните центри, Филипче рече дека гужвите не се затоа што некој не работи, туку едноставно зошто лекарите не можат да постигнат.
Претходно „Плусинфо“ објави дека просториите на поранешната болница „Мала Богородица“ се во финална фаза на опремување и адаптирање во ковид-центар, но Министерството за здравство сѐ уште не им издало дозвола на трите приватни болници да можат да го користат објектот како ковид-центар.






