Љубчо во напад на историчарите, призна дека е во изолирана група „бугарофили“

Во ново интервју за БГНЕС експремиерот Љубчо Георгиевски со индиректно признание дека само пет луѓе меѓу кои и тој се дел од изолирана група која важи за “Бугарофили” или како што тој ги нарекува политичари што сакаат да истражуваат.



Георгиевски кој беше премиер и можеше да смени многу работи сега вели дека откако дојде демократијата, “ние, за жал, не сторивме ништо. Ниту промена во терминологијата ниту промена во историските перцепции”.

“И сега, кога Заев рече неколку работи на БГНЕС за оваа заедничка историја, поголемиот дел од македонското општество е шокиран. Шокиран е затоа што се наоѓаме во еден вид воена состојба, во која група политичари, вклучително и јас, Заев, Пендаровски, Владо Бучковски, поранешниот министер за надворешни работи Денко Малевски, сме дел од политичарите кои се попрогресивни и инсистираат историчарите да разговараат и да истражуваат. Сепак, историчарите цврсто се фатиле во корупките на поранешните југословенски шеми и не излегуваат од нив. И ова е реалноста”, додава Георгиевски.

Историчарите не ја откриваат вистината за Југославија смета екс премиерот кој не ги посочува директно но ги прозива членовите на Историската комисија со Бугарија.

“Ако ја погледнеме македонската историографија во последните 30 години, има табуа на темите од македонската историја, многу малку од нив се отвораат. Не отвораме теми поврзани со поранешна Југославија или со комунизамот. Ние ретко отвораме теми дури и поврзани со нашите жртви. 80 членови на управата на АСНОМ биле во затвор. Каков е нашиот став за ова прашање? Јас дури и не знам дали сите луѓе биле искрено рехабилитирани. Знам дека првиот претседател Методи Андонов – Ченто беше официјално рехабилитиран, но исто така знам дека има голема група на луѓе кои не се. Жртвите на комунизмот – ова е тема што се дискутира во земјите низ источна Европа”, рече претседателот на ВМРО-Нп за БГНЕС.

Георгиевски тврди дека македонската наука крие факти за Гоце Делчев иако информациите за кои тој говори ги има во сите релевантни извори.

“Можеби цело време сè уште криеме некои работи околу Гоце Делчев и не сакаме да зборуваме за нив. Што го прави Гоце Делчев заеднички херој на Македонија и Бугарија? Прво, Гоце Делчев е роден во бугарскиот вилает во рамките на Отоманската империја. Ова го покажуваат документите, неговите браќа, неговите родители – па тој израснал во оваа средина. Второ – основно училиште, учел во егзархијата. Потоа учел во Солунското бугарско средно училиште, каде учеле сите револуционери. Оттаму отишол да учи да биде бугарски офицер во бугарското воено училиште. После тоа станал учител во бугарската егзархија. Но, зошто го криеме овој дел од македонската историја? Ние само велиме дека тој бил учител. И тој, и Даме, и Ѓорче, и Пере Тошев и Никола Карев – сите беа учители во бугарската егзархија”, вели Георгиевски.

Во интервјуто Георгиевски без да спомене имиња обвинува функционери на ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемери затоа што некогаш биле наводно пробугарски настроени а сега се контра барањата на Софија.

Во својот напад и врз историчарите и врз други политичари тој не дава аргументи туку само шпекулации и наводни приватни цитира и непотврдени лични ставови што покажува дека тој е свесен за расчекорот со сопствениот народ.

Целото интервју со Георгиевски

Л. Георгиевски: Хората са шокирани от Заев, защото не познават миналото