Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски со оптимизам гледа на дебитантскиот настап на Македонија на Европското првенство в година.
„Сметам дека имаме голем квалитет! Исто така верувам дека ќе бидеме убаво изненадување на претстојниот шампионат на Европа“, изјави тој за српскиот портал „Хотспорт“.
Играчот на шпанска Мајорка со 60 настапи и 15 гола за националниот тим со задоволство се навраќа на историскиот успех со триумфот над Грузија во Тбилиси.
„Чувството е неописливо! Сонот на секој фудбалер е еден ден да биде дел од толку големо натпреварување. Мило ми е што сум дел од генерацијата што успеа првпат во историјата да ја одведе репрезентацијата на Европско првенство и горд сум на тоа што успеавме да го усреќиме нашиот народ!“, додава Трајковски.






