Германец влетал во пешаци – 4 загинати, 30 повредени

Четворица загинаа, а околу 30 лица беа повредени кога автомобил влета во пешаци во германскиот град Трир.



“Уапсивме едно лице, автомобилот беше запленет. Според сегашните податоци, две лица се убиени”, соопшти првично полицијата на Твитер.

Според германски медиуми, загинале четири лица, меѓу нив и мало дете.

За нападот е уапсен 51-годишен Германец.

Мотивот е непознат, ниту пак дали се работи за напад.