Полноќна објава од Филипче: 32 починати и 336 нови случаи на Ковид-19

Првпат од почетокот на епидемијата, министерот за здравство Венко Филипче дури на полноќ го објави билансот од последното деноноќие од борбата со Ковид-19: нови 32 починати и 336 позитивни од 1.181 тест.



Дванаесет од починатите пациенти се од Скопје на возраст од 66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82 години, тројца од Тетово (64, 79 и 67), по двајца од Прилеп (70 и 55), од Струга (67 и 74), од Охрид (70 и 74), од Струмица (63 и 66) и од Радовиш (62 и 70) и по еден од Велес (51), од Кавадарци (77), од Гостивар (61), од Кочани (64), од Делчево (78), од Кичево (64) и од Неготино (55).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани достигна 61.878 лица, на починати 1.763, на оздравени 38.946, а бројот на активни случаи е 21.169.