„Мала Богородица Систина“ подготвена за Ковид-19 пациенти, што чека Филипче?

Ковид-болницата „Мала Богородица“ е подготвена да прими стотина пациенти согласно договорот со министерството за здравство но министерот Филипче доцни со дозволите за работа.



Денеска сѐ уште не е дадена дозволата за станица за довод на кислород, кој е неопходен за третман на ковид-пациентите, ниту пак Министерството за здравство ги избрало двајцата доктори кои треба да го управуваат овој ковид-центар, а и Фондот за здравствено осигурување не понудил Договор за соработка.

Од клиничката болница „Аџибадем Систина“ информираат дека по постигнатиот устен договор со министерот за здравство Венко Филипче, веднаш почнала да го опремува овој капацитет и да го адаптира во ковид-центар, на сопствен трошок. Оттаму велат дека во овој момент капацитетите може да се стават во функција, но за да се реализира оваа благородна иницијатива останува Министерството за здравство да си ги заврши преземените обврски.

Министерството сѐ уште не им издало дозвола на трите приватни болници да можат да го користат објектот како ковид-центар.

Од КБ Аџибадем Систина информираат дека по прогласувањето на кризната состојба, на иницијатива на Министерството за здравство и министерот Филипче беше одржана средба со претставници на трите приватни клиники во земјава, кои одговорија позитивно на барањето да се најде решение за дополнителни капацитети со овозможени услови, кадар, опрема и лекови за згрижување и лекување поголем број пациенти со ковид -19. На разговорите беше прифатен предлогот на „Аџибадем Систина“ објектот на поранешната болница „Мала Богородица“ да се користи како нов ковид-центар и да се опреми со 100 кревети. Беше договорено Министерството да координира која од приватните болници како и со колку ќе учествува во трошокот на овој капацитет, кој е десеткратно поголем од ветениот надомест од ФЗОРСМ.

Повеќе детали на овој линк