Во вчерашно гостување на една од локалните радио станици, унгарскиот премиер Виктор Орбан говореше за Никола Груевски и оцени дека Унгарија примила многу вакви политички азиланти, но никој до сега, во последните 30 години „не бил на нивото на Груевски“
Во врска со азилот на Никола Груевски, Орбан рече дека екс-премиерот на Р.Македонија бил клучен во битката за справување со мигрантскиот бран, обезбедувајќи ги надворешните граници на Европа.
Според унгарскиот премиер, Никола Груевски бил човек кој добро знае да ги третира своите сојузници, особено Европските партнери, а тоа се докажало и за време на мигрантската криза во текот на 2015-16. година кога Македонија беше првата брана за спречување на нелегалните мигранти.
Орбан додава дека Груевски бил под константни напади од Џорџ Сорос, но и неговите луѓе во Македонија кои денес се на власт, и вршат политички прогон врз него.
Видео на следниот ЛИНК






