Мицкоски: Сепак имало преговори со Бугарија

Од изјавите на Заев дознаваме дека сепак имало преговори со соседна Бугарија вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и прашува:



“Дали трговецот – премиер во заминување Заев на овој начин ја продава Македонија и за какви интереси?
– Зошто оваа средба се држи далеку од очите на јавноста?”.

Мицкоски поставува прашање зошто премиерот Заев преку портпаролот лажеше дека нема средби кога сепак сам потврди дека имало?

Лидеор на опозицијата денеска повторно ги повика граѓаните на протести денес, “затоа што утре може да биде доцна”
со пораката: Оставка на Заев, слобода на народот!