Во Хрватска 74 починати од Ковид-19, најмногу досега во еден ден

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.830 нови случаи на коронавирус, но и најголем број смртни случаи од почеток на пандемијата – 74 лица, објави Хина.



Бројот на активни случаи во Хрватска 21.457. Од нив, 2.358 пациенти се наоѓаат во болница, а 255 се на респиратор.

Досега највисок број на починати во еден ден било на 20 ноември – 57 смртни случаи.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се 128 442 лица со вирус корона, од кои 1.786 починале.