Од компликации од ковид-19 почина радиологот Поликсена Стојановска-Ѓоргиевска од Здравствениот дом во Ресен.
Вработените од Здравствениот дом со емотивна порака се простија од својата колешка, која ја изгуби битката со вирусот.
„Беспрекорна во својата работа, без компромисно да одговори на лекарски позив, па дури и во овие времиња- невремиња беше во првата линија, не враќајќи ниту еден пациент, не отстапувајќи – ниту еден ден. Глас никогаш не повиши, но одекна многу далеку и силно. Прекрасен човек, голем професионалец, незаменлива сопруга и мајка. Чест ни е што беше дел од овој колектив, што имавме прилика да чекориме покрај тебе во животот и работата“, стои во прошталната порака од вработените од Здравствен дом – Ресен





