„Не можам да го поднесам системот“: „Полицајката со пајакот“ го напушти МВР

Полицајката која беше нападната од висок член на скопското крило на ДУИ го напушта МВР затоа што веќе не можела да го издржи системот во кој “министерството го видат криминалци” јавуваат повеќе извори.



Полицајката која се обиде да напише казна за погрешен паркинг на висок функционер на ДУИ во близина на трговскиот центар Мавровка по што беше физички нападната си заминува од МВР, објавила самата на Фејсбук, пренесуваат нејзини блиски.

“Тој систем повеќе не можам да го поднесам каде дојде време на криминалците и лигушите”, пишува во нејзината објава што ја пренесуваат повеќе извори на социјалните мрежи.

Отказот следи поради како што вели серијата навреди кои и биле нанесени без при тоа да го спомне инцидентот во кој се удри во пајак возилото.

“Тој систем повеќе не можам да го поднесам каде што дојде време на криминалците и лигушите-со исклучок на малкуте. Не е голема работа дека јас сум си заминала, се ќе биде исто и без мене, се ќе функционира како и да не сум работела никогаш таму, ама друго ме плаши, самото незадоволство од сите вработени во министерството кои вложуваат, постапуваат, работат и ги казнуваат или пред нив се случуваат неправди благодарение на политиката и системот во државата и незадоволството, недовербата на граѓаните од полицијата”, пишува сега веќе поранешната полициска службеничка Јасмина Ангелевска на својот профил на Фејсбук.

https://sitel.com.mk/toj-sistem-vekje-ne-mozham-da-go-podnesam-policajkata-koja-se-udri-vo-pajakot-si-dade-otkaz-vo-mvr

https://twitter.com/The_Chief86/status/1333361849379721217?s=19