Министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска објаснувајќи зошто е зголемен бројот на невработени во Македонија изјави дека за тоа се виновни и луѓето од дијаспората кои поради кризата се враќаат во матичната земја и се пријавуваат како невработени само за да добијат по 100 евра социјална помош.
“Уште еден момент кој го зголеми бројот на невработени е тоа што голем дел од нашите граѓани коишто престојуваа во странство, а кои заради пандемијата се вратија во државата и останаа, почнаа да се пријавуваат во Агенцијата за вработување, со една единствена цел да имаат пристап до онаа финансиска поддршка што државата ја даваше во вид на ваучери, а сега директна финансиска помош која изнесува 6000 денари за купување на македонски производи. Реалната бројка на граѓани кои останале без работа заради пандемијата е оваа бројка од 15.800, но Ви кажува по кои основи”, изјави Шахпаска во интервју за радиото Слободна Европа.
Македонската дијаспора секоја година по основа на дознаки за роднини во земјата испраќа над 1,5 милијарди долари.






